Без вода улицата Ѓорѓија Пулевски

Поради изведување на водоводен приклучок на објектот со број 34 на улицата Ѓорѓија Пулевски, утре без вода ќе бидат жителите на оваа улица, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Екипи на ЈП “Водовод и канализација“ – Скопје утре ќе вршат водооводен приклучок со профил од ф – 80 мм, поради што водата на улицата Ѓорѓија Пулевски ќе биде сопрена во 8.30 часот. Нормално водоснабдување ќе се воспостави по завршувањето на интервенцијата.