Без вода утре дел од населбата Ченто

Без вода утре од 8 часот до завршување на планирани активности во водоснабдителниот систем ќе останат корисниците од улиците „Јужноморавски бригади“, „Жеглање“ и „Фуштанска“ во населбата Ченто, општина Гази Баба.

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат  дека прекинот во водоснабдувањето е поради промена на затворачи од Ф – 100 мм на крстосницата меѓу улиците „Јужноморавски бригади“ и „Фуштанска“ во населбата Ченто.