Без вода утре дел од улица Бутелска

Дел од улицата Бутелска утре ќе биде без вода, поради интервенција на екипи на ЈП Водовод и канализација на водоводната мрежа.

Поради монтажа на воздушен вентил од Ф80 мм на улицата Бутелска кај старата последна автобуска станица на линијата 57 во населба Бутел, од 9 часот до завршување на монтажата без вода ќе бидат дел од корисниците на улицата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.