Без вода утре Маџир Маало

Без вода утре од 8 часот ќе бидат корисниците во населбата Маџир Маало во општина Центар, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.

Според известувањето кое РЦУК го добил од ЈП Водовод и канализација, причина за прекин на водоснабдувањето е уличен дефект на ул.Преспанска 27 во Маџир Маало.

Корисниците ќе немаат вода се до отстранување на дефектот.