Без вода жителите на улицата 20-ти Октомври и дел од корисниците на улицата Рајко Жинзифов

Жителите на улицата 20-ти Октомври и дел од корисниците на улицата Рајко Жинзифов, од 12,40 часот, ќе останат без вода за пиење, информираат од јавното претпријатие „Водовод“.

Прекинот е поради дефект на водоводна мрежа профил Ф-80 милиметри на улица 20-ти Октомври, а ќе трае се’ до санирање на дефектот.