петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 40

Безбедно затворен вентилот на цистерната од која истекуваше плин

cisterna

Поврзани вести

Стручна екипа на ОКТА денес околу 11:30 часот извршила безбедно затворање на вентилот на еден од вагоните на товарниот воз од кој истекувал гас, со што опасноста е отстранета.

Како што претходно беше објавено, железничкиот сообраќај на железничката станица – граничен премин Табановце од 4 часот по полноќ беше во прекин поради истекување на плин од еден од вагоните на товарен воз кој влегол од Република Србија.

Возот бил со 16 вагони од кои шест вагони биле цистерни со плин.  Од еден од вагоните цистерна забележано било дека испушта плин.

Најчитани вести