Спорт

Безбедносната ситуација влијае и на автомобилизмот

Безбедносната ситуација влијае и на автомобилизмот

Стартот на новата сезона на овогодинешниот меѓу-клубски шампионат во кружни трки ќе почека затоа што трките кои требаа да се одржат овој викенд во Кичево се одложени поради безбедносната ситуација во државата.

Манифестацијата на која требаше да учествуваат повеќе од 20 натпреварувачи беше закажана в сабота од 11 часот на патеката во касарната во Кичево, но истата нема да се одржи затоа што стигнала забрана од страна на Министерството за одбрана.