Безбедносната состојба е стабилна, но ризиците не треба да се занемарат

Безбедносната состојба во Македонија е стабилна и нема опасност од дестабилизација, а во годините што доаѓаат заканите нема да доаѓаат од класичните армии, туку од организираните криминални групи и од нивната спрега со политичкиот и етничкиот екстремизам, порача деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Оливер Бачановиќ на научната дебата „Ризици и закани по безбедноста на Република Македонија и регионот“.

Тој посочи дека во Европа постојат нови предизвици и закани за мирот и меѓународната стабилност, предизвикани од распаѓањето на биполарниот свет, рецидивите и последиците од распаѓањето од одделни поранешни социјалистички држави, негативните последици од глобализацијата, националната, верската, големодржавната и територијалната конфронтација.

Фотографија: МИА