Безбедносните сили се браник на одбрана од тероризам

Во својот говор по повод националниот празник Илинден премиерто Никола Груевски рече дека радикалните групации отворено се закануваат, а повремено и дејствуваат. Тој порача дека мораме да ги јакнеме нашите капацитети во справувањето со нив и мораме да се справуваме со нив, притоа потенцирајќи дека безбедносните сили се браник на одбрана од тероризам.

Не смееме да останеме пасивни на заканите од тероризмот

-Ако некој мисли дека оваа мигрантска криза е некаков бран кој ќе помине набрзо, се лаже. Ова е само почеток на еден вид нова голема преселба на народите, која допрва ќе добие замав. Засега добро се справуваме, но предизвиците ќе растат. Ќе бидат потребни дополнителни напори, мерки, и политики. Заканите од тероризмот демнат над нас, како и над цела Европа. Радикалните групации отворено се закануваат, а повремено и дејствуваат. Мораме да ги јакнеме нашите капацитети во справувањето со нив, и мораме да се справуваме со нив. Неодамнешните настани во Куманово, и повремените фрлања бомби или гранати, се само потсетник дека ваквиот вид закани не е само некаде далеку од нас, во Франција, или во Белгија, во Норвешка или во Америка, во Ирак или во Сирија. Тие може да дојдат и во нашата улица, пред нашиот влез на зграда или куќа и да ги загрозат нашите животи и животите на нашите блиски, изјави премиерот.

Не смееме да останеме пасивни на овие движења и мораме колку што е можно превентивно и активно да делуваме. Во тој правец треба да работиме на зајакнување на нашите одбранбени и безбедносни сили, бидејќи кога доаѓаат заканите, тие се на браник на одбрана од тероризам, заклучи Груевски.

Терористички напад во Диво Насеље на 9. мај

Македонската јавност беше потресена од терористички напад во кумановско Диво Насеље на 9. мај, кога животот го загубија девет припадници на безбедносните сили на Република Македонија, а повеќемима бранители беа повредени.

Претходно дел од терористите кои го извршија нападот во Диво Насеље ја нападнаа караулата во Гошинце, а нападот за среќа помина без жртви.

 

 

Повеќе за терористичкиот напад на 9. мај прочитајте овде.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.