Бездомничка направи фустан од три илјади бонбони и стана милионерка

Благодарејќи на Интернет и социјалните мрежи, денес и најлудата идеа која ќе ни падне на ум може да ги оствари соништата и да не претвори во милионери.

Сара Луис Брајан едвај излегувала на крај, работејќи како козметичарка и одгледување на нејзините две деца. Таа често се потпирала на помошта на нејзините пријатели за да може да ги нахрани децата и им даде покрив над главата, затоа што немале каде да спијат, пишува Бирмингем Мејл. Но, тоа се променило кога пред една година во сон и дошла идеја за уникатен предмет за облекување – фустан од Скитлес бонбони.

Иако поголемиот број на луѓе би се свртеле на другата страна и би продолжиле да спијат по таквкиот луд сон, Сара веднаш станала од креветот и почнала да пребарува на Интернет да види дали веќе постои таков фустан. Кога таа се уверила целосно дека тоа е плод на нејзиниот ум, почнала со работа. Секој ден работела шест часа, правејќи фустан и кога конечо бил готов, нејзината фотографија се прошири на Интернет и стана вирален хит.

Фустан бонбони

За изработка на фустанот и требале 145 вреќичи или три илјади бонбони и 90 пакувања лепило, но таа успеала. Сето тоа би останало само уште еден хит на социјалните мрежи доколку фустанот не го забележа дизајнерската компанија Рипли и ја вработи младата дизајерка. Сега таа има сопствена дизајнеркса линија наречена по неа и прави облека и чанти кои ги купуваат славните, вклучувајќи ги и сестрите Кардашијан.

Сара е најверојатно најдобар пример дека ниту една идеа не е доволно луда за да не може да успее.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.