Крими хроника

Бездомник пронајден мртов кај Зелено пазарче

Бездомник пронајден мртов кај Зелено пазарче

Бездомник утрово е пронајден починат пред Зелено пазарче во Скопје.

Како што јавуваат медиумите, пазарџиите коментираат дека го познавале бездомникот и дека тој речиси секојдневно се движел околу пазарчето во центарот на Скопје.

Од полицијата велат дека станува збор за педесетгодишен маж, а случајот во полиција бил пријавен во 6.30 часот.