„Курир“: Безидејниот Заев купува 10 години стари сараевски фори (ВИДЕО-ФОТО)

Срѓа Поповиќ и неговата организација КАНВАС кои преку таканаречени обоени револуции се обидуваат да срушат легитимни и демократско избрани влади, на СДСМ и опозицискиот лидер Зоран Заев им продале 10 години стара сараевска фора. КАНВАС воопшто не се крие дека дејствува во Македонија и на нивната интернет-страница е заведена и нашата земја, пишува „Курир“.

„Што мислите за шарената револуција? Дали ја одобрувате?“. Иако многуммина ќе помислат дека ова прашање се однесува на акуелните случувања во Македонија, сепак ова е прашање кое босанската телевизизија „Хајат“ им го поставува на своите гледачи уште пред 10 години, за време на „шарената револуција“ во Сараево, организирана од истиот мозок како и овдешната револуција на КАНВАС , која се спроведува преку опозициски активисти и платеници на соросовата фондација во земјава.

sarena-saraevo-2006

Е ова е шарена револуција, сега почнува оваа шарена револуција, велат две млади лица на видеото снимено во септември 2006-та година, кои подготвуваат балони со боја, исто како и македонските “шарени револуционери“ сега, кои во јавноста се обидуваат нивната револуција да ја претстават како нешто уникатно, досега невидено, сплет на граѓанскиот активизам во Македонија.

Сепак, оваа снимка од нападот на председништвото на БиХ во Сараево од пред 10 години, тотално ги разобличува ваквите нивни тези и воедно истата е потврда дека буквално идентичната фора која КАНВАС и Срѓа Поповиќ ја користеле во БиХ во 2006 година, сега на Заев му ја продале како нешто ново во обидот иста таква шарена револуција да спроведат во Македонија и без избори и почитување на народната волја да се симне легитимно избраната власт.

Секојдневните протести на т.н. „Шарена револуција“ воопшто не се спонтани граѓански собири на кои се изразува незадоволство од состојбата во земјата. Секој потег на овдешните „револуционери“ е добро осмислен и организиран и го има во книгата „Мустра за револуција“ на лидерот на КАНВАС. Бојадисувањето на спомениците, фрлањето боја во фонтаните, протестите, блокирањето на улиците, графитите низ целиот град… сето тоа е изум на Поповиќ, кој дебело им го продава на овдешните опозиционери.

Лидерот на КАНВАС во книгата вели дека насилното симнување од власт на легално избрани влади е добро испробан рецепт во Србија, Украина, Сирија, Египет, Тунис, па дури и на Малдиви. Крајната цел на КАНВАС во овие револуции е да се симне легално избраната власт, а да се донесе т.н. продемократска влада, која би била марионета на Западот.

grafiti__6_-640x409-1

За активностите на КАНВАС во Македонија се зборуваше подолго време, но своја потврда доби во почетокот на протестите кога токму активисти од Србија беа на чело на колоната. „Ајмо звиждаљке“ и „Идемо јаче“, можеше да се слушне на „шарените“ протести, додека автомобили со белградски регистрации кружеа низ градот. Згора на тоа, активисти на КАНВАС неколку пати доаѓаа во Велес и во Скопје да ги обучуваат Соросовите невладини организации, од каде што доаѓаат најголем дел од демонстрантите.

Во книгата, Поповиќ ги храбри демонстрантите да не се плашат ако бидат приведени од полицијата и дека е „кул“ да бидеш уапсен. Истите зборови ги кажуваа и демонстрантите што беа уапсени по демолирањето на канцеларијата на претседателот Иванов. Тие велеа дека не се плашат и дека повторно би го направиле истото. Последниот и најочигледен пример во немањето инвентивност на овдешните демонстранти е фрлањето црвена боја во фонтаните низ Скопје, која наводно требаше да ја симболизира крвта на Мартин Нешковски.

Овој трик Поповиќ веќе го има продадено во Сирија, и таму требало да го претставува насилството на режимот на Башар ал Асад.

farbanje_fontani__3_-640x409-1

Еден од првите потези на храбрите активисти во Сирија беше да купат неколку канти црвена боја. Потоа чекаа да падне мрак, ќе отидеа кај фонтаните на главните плоштади во Дамаск и бојата ја истураа во водата. Следното утро изгледаше како од фонтаните да блика крв, како метафора на бруталноста на Асад“, открива Поповиќ во својата книга.

КАНВАС е на црната листа во неколку земји- колку плати Заев за старата сараевска фора?

Од пред неколку години КАНВАС во Русија, Иран, Обединети Арапски Емирати и во уште неколку земји е во исто друштво со Ал Каеда, „Исламска Држава“, Боко харам и други терористички организација.  Забранет им е влезот и на нивните водачи на чело со Поповиќ и Слободан Ѓиновиќ кои, пак, без никаков проблем со  логистичка поддршка од Соросовите невладини организации во Македонија работат на насилно симнување на власта.

КАНВАС е невладина организација формирана во 2004 година од страна на Поповиќ и Ѓиновиќ. Нивно основно дејствување е подготовка на сценарио, логистика и план во земји каде што актуелната власт има голема поддршка од народот. Со еден збор, фабрика за предизвикување немири и војни.

Таков беше случајот во Египет, Сирија, Украина, Тунис и во многу други земји од Европа и од Блискиот Исток. Моделот што го продаваат чини од 10 до 50 милиони евра кои мораат да се уплатат на нивната сметка по „успешно“ завршената акција и насилното менување на власта.

Тоа им успеа во 2000 година во Србија кога беше сменет од власт Слободан Милошевиќ. Тогаш КАНВАС се викаше „Отпор“, а на чело, покрај Поповиќ беше и Чедомир Јовановиќ, кој во моментов ја предводи Либерално-демократската партија. А дека во КАНВАС се вртат многу пари, доказ е што Јовановиќ, исто како и Поповиќ, денеска се едни од најбогатите луѓе во Србија, додека пак нивните тогашни другари од „Отпор“ станаа социјални случаи или се самоубија, пишуваше неодамна порталот Телеграф.

nikad_sred

Охрабрени од соборувањето на Милошевиќ, „Отпор“ во 2004 година се трансформираше во политичка партија. Но, српските граѓани за кратко време открија за какви измамници станува збор, па партијата освои само еден отсто од гласовите и брзо се претопи во Демократската партија.

Четириесет и тригодишниот Поповиќ во својата книга „Мостра за револуција“ детално објаснува на кој начин ги рушеле властите и дека секој што е заинтересиран може да му се јави.

КАНВАС и мене нè нарекуваат американски марионети, платеници на Сорос, српски агенти, терористи и со други погрдни имиња, се правда Поповиќ.

Активистите на КАНВАС уште пред две години држеле обуки на сегашните водачи на „Шарената револуција“. Детално биле разработени сите тактики, кои можевме да ги видиме на протестите на опозицијата, како што беше бојадисувањето на спомениците, истурањето боја во фонтаните,свртените огледала кон полицајците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.