Свет

Безживотни тела во НАТО униформи пронајдени на аеродромот во Доњецк

Безживотни тела во НАТО униформи пронајдени на аеродромот во Доњецк

Безживотни тела во НАТО униформи и голема количина оружје од американско производство е пронајдено под урнатините на аеродромот во Доњецк во Источна Украина, потврди Едуард Басурин, портпарол на министерството за одбрана на самопрогласената Доњецка Народна Република, јави ТАСС, пренесува МИА.

– Пронајдовме безживотни тела во НАТО униформи под урнатините на новиот терминал. Личните работи укажуваат дека тоа биле странски државјани под договор со приватни воени компании кои оперираат под маска на украинските субверзивни групи, изјави Басурин.

Басурин нагласи дека при преглед на зградата на аеродромот во Доњецк се откриени големи количини американско огнено оружје, пушки и рачни минофрлачи, опрема и комуникациски уреди.

– Откриени се и публикации на европски јазици, вклучително за верски прашања, изјави Басурин на прес конференција. Според него најмалку 597 украински војници се убиени во судири со доњецка милиција на аеродромот.