Безживотно тело забележано во Охридско Езеро

Безживотно тело е забележано во водите на Охридското езеро во близина на плажата „Бафало бич“ кај мостот на каналот „Студенчишта“.

-Телото, во 11 часот и 55 минути го забележал случаен минувач кој се движел на пешачката патека од мостот кај каналот „Студенчишта“ кон „Парк“ на околу два метри оддалеченост од брегот. Настанот веднаш го пријавил во езерската полиција, информираат од СВР Охрид.

Моментно, на посоченото место се врши увид предводен од Јавен обвинител и полициски екипи од СВР Охрид.