Безживотното тело во Охридско езеро е момче пријавено за исчезнато

Попладнево заврши увидот предводен од Јавен обвинител поврзан со пронаоѓањето на безживотно тело, што во 11.55 часот  беше забележано во водите на Охридското езеро во близина на плажата „Бафало бич“ кај мостот на каналот „Студенчишта“.

-По извршениот увид во кој учествуваа и полициски екипи од СВР Охрид, констатирано е дека се работи за лицето Филип Ѓ. (24) од Кичево, кој имал престојувалиште во Охрид. Денеска беше извршено препознавање на безживотното тело од страна на  член на неговото поблиско семејство а по наредба на Јавен обвинител,  во болницата во Битола, ќе биде извршена обдукција, информираат од СВР Охрид.

Инаку, на 16-ти овој месец, во 23 часот и 15 минути, во СВР Охрид, сега починатиот беше пријавен за исчезнат. Со него, според наводите во пријавата, бил невозможен контакт од 15-ти овој месец во 22 часот и 45 минути.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.