Би била историска грешка доколку Британија ја напушти ЕУ

Во својот говор во Четем Хаус во Лондон ги критикуваше британските политичари и медиуми поради ширењето на лажни вести за големи бранови на емигранти од средна и источна Европа и не втемелените аргументи против опстанокот на Британија во ЕУ, објави Канал 5.
„Би била тоа историска грешка, доколку Британија поради овие прашање се отуѓи од своите природни сојузници во источна Европа, откако толку се залагаше за нивниот прием во ЕУ“ – порача Барозо во својот последен говор.

Британскиот премиер Дејвид Камерон во повеќе наврати најавуваше можност Британија да ја напушти ЕУ доколку не и се дозволи да биде иземена од некои заеднички договори, вклучувајќи го и тој за слободата на движењето на сите граѓани во ЕУ.

Камерон неодамна најави можност да се ограничи бројот на имигранти од истокот на ЕУ, што Барозо го оцени како незаконито.