Биба Додева победи на Макфест

Победник на Макфест 2014-та е Биба Додева со песната „Врати се“ која ја освои првата награда вредна 20.000 евра.Награда од 15.000 евра за освоено второ место доби Дарко Илиевски со прекрасната песна „Кога најмногу ми требаш“.

Третопласирана песна на Макфест е „Ако времето е најдобар лек“ во изведба на Елвир Мекик кој доби награда од 10.000 евра.

За најдобар дебитант на овогодинешниот Макфест беше Симона Поповска која доби награда од 3000 евра.

Исто толкава парична награда за сценски настап доби Викторија Лоба.

Вчера и во четвртокот настапија по 15 изведувачи од кои двата дена во финалето влегоа по 9 композиции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.