Библиотека на плажа во Дојран

Прва билбиотека на плажа која ќе почне на 15 јули се отвора во Дојран. Вљубениците во пишаниот збор ќе можат бесплатно да читаат додека се на градската плажа во Дојран и на располагање ќе им бидат голем број книжевни наслови.

– Туризмот во Дојран од година во година се искачува на повисоко ниво. Инвестирањето во инфраструктурата, средувањето на градските но и приватните плажи, подобрување на сместувачките капацитети се дополнителни причини зошто Дојран е веќе полн и е атрактивна туристичка дестинација ова лето. Со проектот ,,Библиотека на плажа”, Општина Дојран вложува во културата и влијае врз зголемувањето на процентот на читатели кај нас, изјави градоначалникот на Дојран Борче Стамов.