вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 55

Бидете среќни

Бидете среќни

Бидете среќни

Последни вести

Сите сакаме да бидеме среќни. Всушност, некои луѓе цел живот се во потрага по среќа. Би било полесно ако можеме да ја купиме, но мора да работиме за да ја заслужиме.

Среќа. Чувство на радост, задоволство, мир, смиреност во животот. Ако веќе ја имаме – сакаме да ја задржиме. Ако ја немаме, секојдневно ја бараме. Како да бидеме среќни?

Одлучете што е тоа што навистина ви значи

Ако сакате да бидете среќни, дефинирајте што значи тоа за вас. Многу луѓе не можат да ја најдат среќата бидејќи воопшто не знаат како изгледа. Можеби веќе сте среќни, но бидејќи не можете да ја идентификувате, мислите дека сте несреќни.

Среќата е субјективна. Никој не може да ви каже дали сте среќни или не. Изборот е ваш.

Ослободете ја несреќата

Луѓето кои се хронично несреќни поминуваат долго време зборејќи за причините зошто се несреќни, а не се свесни дека баш тоа им стои на патот до среќата. Зошто? Бидејќи секој пат кога ќе помислите на нешто што не ве прави среќни, наоѓате уште повеќе начини за да немате совршен живот.

Двата начини да се ослободите од оваа навика е да „вежбате“ благодарност и да се ослободите од песимизмот. Благодарноста ќе ви помогне да го најдете најдоброто во денот – кога еднаш ќе почнете да ги гледате позитивните работи, ќе се појавуваат се почесто.

Бидете среќни

Бидете среќни

Бидете сам свое мерило

Зборувајќи дека среќата доаѓа одвнатре, луѓето кои употребуваат позитивни и мотивирачки зборови може да го засилат чувството на среќа кај вас. Меѓутоа, ова не трае многу време бидејќи мерилото за вашата среќа сте вие самите.

Да бидете сам свое мерило значи да бидете способни да се мотивирате себе си, правејќи ја среќата зависна од вас. Најдобар начин да го постигнете ова е да си поставите позитивни цели и да се фокусирате на нив во текот на денот.

Исполнете ги целите

Среќните луѓе работат за да ги завршат комплицираните и предизвикувачки задачи бидејќи разбираат колкави се задоволството и наградата после успешно завршена задача.

Ширете љубов

Среќните луѓе поминуваат помалку време фокусирајќи се на себе и повеќе во посветување на другите, едноставно со добри зборови и насмевка.

Најчитани вести