Бидејќи на Вилијамс му е тешко да расчисти со дрогата, Звезда расчисти со кошаркарот

Тогаш беше откриено дека тој пушел марихуана и тој падна на допинг тест по финалната серија од домашното првенство против Партизан.

Очигледно, тоа е негов голем порок, па Вилијамс продолжил со својата стара навика и откако Звезда му даде втора шанса и ја продолжи соработката со него, чекајќи да му истече суспензијата.

Српските медиуми тврдат дека Американецот бил позитивен на клупскиот допинг тест и затоа тој не играше вчера а дуелот против Задар во рамките на АБА лигата.

Во моментов, плејмејкерот е веќе во САД, а од Звезда го известиле дека договорот е раскинат на негова штета на што тој немал забелешки. Негова замена би требало да биде повремениот српски репрезентативец Василије Мициќ кој неодамна го напушти Баерн Минхен и во моментов е слободен играч.