Македонија

Бидете хумани – Помогнете му на Максим да ги види своите родители!

Бидете хумани – Помогнете му на Максим да ги види своите родители!

Драги пријатели, ајде како и секогаш  досега, да подадеме рака. Да му помогнеме на едно мало детенце да ги види сите убавини на овој свет. Да ги види насмеаните лица на мама, тато и сите кои неизмерно го сакаат.

Малиот Максим Стојановски е роден пред две ипол годин , и со грижата на мама и тато расте во едно прекасно детенце, но сепак, Максим има еден проблем за кој сме му потребни и ние.

Максим има проблеми со видот и во нашава земја, нема решение за лекување на Максим.

Решението за видот на Максим е во операција во странство, две интервенции веќе се направени, меѓуостанатото и  со помош на хуманоста на нашите граѓани, но проблемот на Максим со очните нерви е сложен и треба да се третира повеќе пати, односно на секои 6 (шест) месеци.

Интервенциите се извршуваат во Русија, и на семејството му се потребни 6000 евра.

Затоа, Мама и Тато на Максим не замолуваат сите нас уште еднаш да помогнеме.

Донациски броеви:

ВИП 077/ 143-110 

ОНЕ 075/ 143-171 

T-mobile 070143133

Жиро сметка  210 700000613273 НЛБ Тутунска банка АД Скопје

На име Максим Стојановски, цел на дознака: донација за лекување во странств