Биди сопственик на ФК Вардар за 81 илјади евра

Сопствениците на најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, ФК Вардар, Град Скопје и Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, денеска се огласија со нов јавен повик за продажба на акциите.

Понеделник (20. јануари) до 11 часот е крајниот рок до кога сите заинтересирани страни треба да ги достават своите понуди за купување на ФК Вардар.

Од претходно се знае дека вредноста на акциите на Град Скопје се 2.550.000 денари (41 илјади евра), додека на ЈССДП се 2.450.000 денари (40 илјади евра).

Секој што е заинтересиран и што сака да биде сопственик на најпознатиот фудбалски бренд во нашата земја, тоа може да го направи со понуда од само 81 илјади евра.