„Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ на плоштад Македонија

На плоштадот „Македонија“ во Скопје, в среда на 5 октомври со почеток во 20 часот ќе се одржи манифестацијата „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ во чест на последниот концерт на нашата музичка легенда.

-Дојдете, бидете дел од оваа манифестација со која по деветти пат сакаме да искажеме љубов кон нашиот Тоше! Сите во еден глас да ги пееме неговите песни и да го направиме легендарното ѕвездено небо, велат фановите на Тоше Проеки.