Биелса е новиот тренер на Олимпик од Марсеј

Потпретседателот на францускиот прволигаш Олимпик од Марсеј, Винсент Лабруне потврди дека трофејниот аргентински стручњак, Марсело Биелса ќе седне во тренерската фотеља на „Велодром”.

„Можам да потврдам дека постигнавме договор со Биелса, но истиот не е официјален поради неколку причини. Кога ќе ги договориме сите детали и официјално ќе потврдиме дека Марсело Биелса е новиот тренер на Олимпик од Маресј. Нема потреба од никаква еуфорија, но можам да кажам дека сите сме убедени, дека се ќе помине во најдобар ред и ќе биде потпишан понудениот договор. Се што можам да кажам дека ќе имаме фантастичен тренер во новата клупска сезона”, изјави потпретседателот на Олимпик од Марсеј.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.