Спорт

Биелса си игра топло-ладно со Олимпик од Марсеј

Биелса си игра топло-ладно со Олимпик од Марсеј

Првиот човек на францускиот гигант Олимпик од Маресј, Винсент Лабруне, откри дека нема ништо ново околу најавената соработка со познатиот аргентински стручњак, Марсело Биелса кој важи за најголем фаворит кога е во прашање тренерската фотеља на “Велодром”.

„Биелса е многу прецизен, многу пребирлив. Нема да ви ги откријам побарувањата на аргентинскиот стручњак, но можам да кажам дека имаше и такви кои не може да ги побара некој обичен смртник. Пред неколку недели го информиравме дека го очекуваме неговиот конечен одговор најкасно до 15 април но се уште не сме добиле никаков одговор, некоја повратна информација. Мора да се прилагодиме на новонастанатата ситуација”, изјави претседателот на Олимпик од Марсеј.