Бигорскиот манастир подготвен за вечерната велигденска служба

Се прават последните подготовки за вечерната служба за Христовото воскресение – Велигден во македонското древно светилиште „Свети Јован Крстител“, каде се очекува присуство на голем број верници и граѓани.

Уште од почетокот на страсната недела во Бигорскиот манастир престојуваат голем број верници. На овој верски празник во манастирот присуствуваат повеќе од две илјади верници од сите делови на земјата и од странство. Некои од нив остануваат во Бигорскиот манастир и по неколку денови.

Христовото воскресение вечерва ќе биде дочекано и во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар каде, како и во сите храмови на МПЦ – ОА, ќе се одржи саботна ноќна богослужба.