Балкан

БиХ: Автобус излетал од пат, тројца мртви и 13 повредени

БиХ: Автобус излетал од пат, тројца мртви и 13 повредени

Три лица загинаа, а 13 други се повредени, кога автобус што сообраќал на релација Сараево-Херцег Нови излетал од патот во близина на градот Фоча во југоисточниот дел на Босна и Херцеговина.

Портпаролот на Центарот за јавна безбедност од Источно Сараево, Данка Тешиќ, соопшти дека несреќата се случила синоќа околу 23:15, додавајќи дека повредените патници, кои се вон животна опасност, се пренесени во болницата во Фоча.

– Кога ќе заврши увидот ќе знаеме повеќе детали за оваа тешка сообраќајна несреќа, изјави Тешиќ.