Балкан

БиХ договара депортирање на лица осомничени за воени злосторства

БиХ договара депортирање на лица осомничени за воени злосторства

Главното обвинителство на Босна и Херцеговина и американски претставници разговараа за депортирање на босанските имигранти од САД под сомнение дека учествувале во воени злосторства за време на војната (1992-1995), пренесува МИА.

– Во фокусот на средбата со претставници на американскотото Министерството за правда беше соработката и размената на информации меѓу Обвинителството на БиХ и американските власти за осомничените за воени злосторства, кои живеат во САД, се наведува во соопштението на Главното обвинителство на БиХ.

„Њујорк тајмс“ во февруари објави дека американските власти идентификувале околу 300 Босанци, за кои се смета, дека извршиле воени злосторства, пред се во Средбреница. Најмалку 150 од нив американските власти се обидуваат да ги депортираат.

Се претпоставува дека бројот на осомничени може да достигне до 600 луѓе со зголемувањето на достапната документација од БиХ. Голем број од нив се поранешни војници, а некои од нив веќе имаат и американско државјанство.