БиХ: Две лица уапсени поради воени злосторства

Две лица осомничени за воени злосторства извршени во текот на 1992 година, на подрачјето на Сребреница, уапсени се во Босна и Херцеговина. Осомничените се под истрага од обвинителството на БиХ, поради кривично дело, злосторство против човештвото.

Осомничените во законскиот рок ќе бидат предадени на обвинителството, каде ќе бидат испрашувани, а потоа ќе биде донесена одлука за иницирање на предлози за одредување мерка притвор, соопштило Обвинителството на БиХ.