БиХ: Фрленма бомба во дискотека, ранети 32 лица

Најмлаку 32 лица синоќа се повредени кога маж фрлил бомба во дискотеката „Екс“ во Велика Кладуша, јавува порталот klix.ba повикувајќи се полициски извори во Унско-санскиот кантон.

Во бихачката болница „Др. Ирфан Љубијанковиќ“ биле згрижени 17 ранети пациенти.

„Најмногу повредени се примени на отропедија, а станува збор за експлозивни рани на рацете и нозете. Две лица се на неврохирургија поради повреди на главите, две на Одделението за хирургија, додека пет лица се сместени во Одделението за интензивна нега“, изјави портпаролот на болницата за босанските медиуми, Маја Хаџимехмедовиќ.

Таа додаде дека во болницата биле примени лица со тешки телесни повреди, но никој не е животно загррозен.

Лицето кое ја фрлило експлозивната направа е идентификувано, а наводно е во болница поради раните. На полицијата и е познат по кривични дела и разбојништво, а неодамна излегол од затвор.