БиХ: И денеска протести на улиците и пленуми на граѓаните

Во повеќе градови во Федерацијата Босна и Херцеговина денеска продолжуваат протестите на незадоволните граѓани против властите, но и пленумите на кои што учествуваат граѓаните.

Работните групи на граѓаните за секоја област посебно се задолжени да ги дефинираат барањата кои што ќе им ги понудат на властите за надминување на кризата во Федерацијата, најтешки по завршување на војната во 1995-та година.

Епилогот од досегашните протести се оставки на четири премиери на кантони како и на повеќе од 40 министри.

Протестите се одржуваат поради барањето да се смени власта на сите нивоа, но и за укинување на бенефициите на политичарите.