БиХ и регионот може да останат без руски гас

Рускиот снабдувач на гас за Босна и Херцеговина, „Газпром експорт“ ја предупреди државната компанија „БХ – Гас“ дека поради затегнати односи меѓу Русија и Украина може да се дојде до прекин на испораките на гас за земјата, но и за некои земји од регионот и земји членки на Европската унија, пишува денеска босанскиот весник „Дневни аваз“.

Како главна причина е наведен гасоводот што поминува низ територијата на Украина, која може да им наметне забрана на Русите да доставуваат гас. Информацијата на „Дневни аваз“ била потврдена и од директорот на „БХ – Гас“, Мирза Сендијаревиќ, кој посочил дека е запознаен со проблемот.

„Во моментов никој во светот не може да предвиди како ќе се развива ситуацијата“, изјавил Сендијаревиќ.