БиХ меѓу земјите со најголем број борци во ИД

Босна и Херцеговина е на седмо место според бројот на борци во Исламска држава во однос на бројот на населението, покажуваат податоците на Националниот институт за економски истражувања.

Пред БиХ се наоѓаат Тунис, Малдивите, Јордан, Либан, Косово и Либија.

Според вкупниот број на борци во ИД, независно од бројот на населението, БиХ се наоѓа на 15. место.

Според официјалните податоци во ИД се вклучени 330 босански државјани.

Истражувањето на босанскиот Институт покажа дека петте најголеми центри за регрутирање борци во ИД се во Тунис, Саудиска Арабија, Русија, Турција и Јордан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.