БиХ од утре ќе претседава со Советот на Европа

125-то заседание на Комитетот на министри за надворешни работи на Советот на Европа ќе се одржи утре во Брисел. Босна и Херцеговина официјално ќе го преземе од Белгија претседавањето со оваа паневропска организација.

На седницата во Брисел се очекува учество на шефовите на дипломатиите на 47-те земји-членки на Советот на Европа, пренесува МИА.

Извештај за досегашното преседавање на Белгија со Советот ќе поднесе шефот на белгиската дипломатија Дидие Рејнолдс, додека босанскиот министер за надворешни работи Игор Црнадак ќе ги презентира приоитети на идното шестмсечното претседателство на БиХ со организацијата.