БиХ: Протестите продолжуваат и денеска, политичарите поделени

Во Сараево и денеска се насобра поголема група граѓани, која протестира пред државните институции со барање за смена на владата на Федерацијата Босна и Херцеговина и социјална правда, а протести биле организирани и во другите градови.

Во исто време, заседавал и Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ, каде што било разгледано трошењето на буџетските средства за плати и бенефиции на функционерите, но две партии целосно се разишле во ставовите кои што се однесуваат на повеќенеделните демонстрации.

Во Тузла целосно престанаа протестите кои што пак се заменети со пленуми на граѓаните, па така правниот тим денеска ги предал барањата на Обвинителството и Агенцијата за приватизација, кои се однесуваат на процесуирање на одговорните за лошата приватизација.