БиХ: Протестите продолжуваат, Владата нуди вонредни избори

Во повеќе градови во Босна и Херцеговина денеска продолжија протестите, по жестоките нереди кои започнаа минатата недела, а на кои што се бара оставка од локалните функционери и се истакнуваат социјално- економските барања овој пат да поминат мирно.

Пратеникот на Европскиот парламент, Јелко Кацин, рекол дека Европската унија во следниот период ќе покаже како ЕУ постапува кон неодговорната политичка елита и дека тоа треба да биде порака за БиХ.

Во текот на денешните демонстрации во Сараево се случиле неколку одвоени инциденти кога кон насобраните луѓе се втурнале три автомобили, по што двајца учесници се полесно повредени.

Претставниците на демонстрантите во Сараево кои денеска преговарале со федералниот премиер, Нермин Никшиќ, соопштиле дека еден од заклучоците е да се пристапи кон измени на Изборниот законик на БиХ за да може да се организираат предвремени избори. Лидерот на неформалнара група на граѓани, Амра Дулиќ рекла дека тој предлог утре ќе биде испратен во Парламентот на усвојување по итна постапка.

На преговорите помеѓу Владата и демонстрантите е донесен заклучок да се направи список на фирми за кои постои сомневање дека се нелегално приватизирани и да се покрене иницијатива кај правосудните органи за да се преиспита спорната приватизација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.