БиХ само минимално поразена од Аргентина

Долго очекуваниот дуел помеѓу големиот фаворит за првата позиција во групата „Ф” и фаворит за светската титула, репрезентацијата на Аргентина и дебитатнтот на мундијалската сцена, селекцијата на БиХ, заврши со минимален триумф на популарните „гаучоси” од 2:1.

На самиот старт од натпреварот, поточно во 3 минута, ефектен автогол си постигна дефанзивецот на Шалке, Сеад Колашинац, а во 65 минута во листата на стрелци се запиша и најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на Аргентина, Лионел Меси.

Почесниот погодок за БиХ, дебитантски на мундијалската сцена беше дело на брзоногиот напаѓач на Штутгарт, Ведад Ибишевиќ.

„Едно е да ја гледаш Аргентина, а сосема друго е да играш против нив. Јас и претходно кажав, сакаме да пружиме достоен отпор против селекцијата што е фаворит за освојување на мундијалот и горд сум што тоа успеавме да го сториме. Момците одиграа токму како што се договоривме, но веројатно психолошкиот притисок беше пресуден за да не стигнеме до позитивен резултат. Во секој случај, не смееме да бидеме незадоволни, затоа што допрва за нас следуваат мечевите каде ќе треба да покажеме дека сме подобри, против Нигерија и против Иран. И не не интересира нивниот меѓусебен дуел, ние се гледаме себеси и знаеме дека треба да одиграме на високо ниво против овие две селекции. Можеби ќе ни бидат потребни четири, а можеби и шест бода за се пласираме во следната фаза од Светското првенство“, изјави селекторот на БиХ, Сафет Сушиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.