БиХ: Со 183 политички партии земјата е рекордер во регионот

Босна и Херцеговина е рекордер во регионот според бројот на регистрирани политички партии, па во овој момент е невозможно да се предвиди колку од нив ќе се кандидираат на изборите најавени за октомври бидејќи дел од партиите постојано се гасат, додека други се основаат, пренесуваат локалните медиуми.

Од Централната изборна комисија е потврдено дека во БиХ, барем на хартија, постојат 183 политички партии, а од изборите спроведени во 2010-тата годинаод судскиот регистар се избришани дури 77 партии.

Според достапните податоци, по БиХ најмногу партии во регионот има во Хрватска и тоа 112, потоа следи Србија со околу 90 партии, Македонија со 53, Црна Гора со 45, додека во Словенија има 30.