БиХ: Уапсени 10 цариници поради корупција

По налог на обвинителството на БиХ во раните утрински часови била спроведена акција „Голд“ во рамките на која биле уапсени најмалку 15 лица, јави агенцијата Фена.

Уапсените лица се осомничени за коруптивни кривични дела, злоупотреба на положбата или овластувања, организирање заради правење на кривични дела, примање на мито и други облици на корист  и криумчарење, соопштуваат од Обвинителството на БиХ.

Меѓу уапсените се и десет царински службеници вработени во Царинската служба на Аеродромот во Сараево.