БиХ: Уапсени шест лица кои тргнале да се борат во Сирија

Шест лица од БиХ кои тргнале во правец на Сирија, за да им се приклучат на џихадистите се уапсени од страна на полицијата.

Овие лица се уапсени на подрачјето на Унско-санскиот кантон, Маглај и Кантонот Сараево и се припадници на радикални исламистички движења.

Осомничени се за кривични дела на финансирање терористички активности, организирање терористички групи, формирање и придружување на странски паравоени формации.

Некои од нив се лишени од слобода на граничниот премин на аеродромот во кантонот Сараево, а меѓу нив се и лица за кои постојат докази дека се организатори на илегално заминување на државјани на БиХ во Сирија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.