Балкан

БиХ: Уапсени три лица со знаме на ИД и големо количество оружје

БиХ: Уапсени три лица со знаме на ИД и големо количество оружје
БиХ: Уапсени три лица со знаме на ИД и големо количество оружје
Полициските службеници од босанската Државна агенција за истрага и заштита (СИПА), денеска уапсија  три лица, кај кои беше пронајдено оружје и знаме на „Исламска држава”, јави Танјуг.

Во три објекти беше извршен претрес со цел да се пронајдат и одземат предмети кои можат да послужат како доказ во понатамошната постапка.

Тоа е продолжение на полициската акција „Дамаск”, која има за цел откривање на лица за кои постои сомневање дека се поврзани со радикалниот исламистички тероризам.

СИПА соопшти дека се пронајдени различни видови мини, големо количество муниција, мачети, знаме на „Исламска држава” и пластичен шаблон за цртање на симболите на „Исламска држава”.

Акцијата е спроведена по наредба на босанскиот Суд и Обвинителство.