БиХ: Во џамиите ќе се одржат молитви за поддршка на Ердоган

Во главната џамија во Сараево и на уште 34 места во Босна и Херцеговина ќе се одржат молитви за поддршка на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, пренесе агенцијата „Анадолија“.

Иницијатор на идејата е Меѓународниот универзитет во Сараево , кој предложи денешната петочната молитва во сараевското џамија „Гази Хусрев Бег“, да биде „колективна молитва за премиерот на Турција и неговата Влада“.

Според иницијаторите повод за молитвата во поддршка на Ердоган е политичко-финансискиот скандал во Турција.

Еден од иницијаторите на молитвата , Муса Коче , во изјава за агенцијата „Анадолија“ истакнал дека се прават обиди за слабеење на Турција, што според него, почнаа со протестите во истанбулскиот парк Гези, во мај минатата година.

„Затоа многу студенти одлучија да го поддржат премиерот Ердоган“, изјавил Коче.

Сараевскиот исламски духовник Халил Брзина рече дека иницијативата нашла на широка поддршка, затоа освен во главната сараевскиот џамија, такви молитви ќе се одржат во уште 34 исламски објект во Босна и Херцеговина.