Бијонсе и Џеј Зи ги обновија заветите

Пејачката Бијонсе и раперот Џеј Зи наместо развод ги обновија заветите.

Иако во последно време се шушкаше дека овој славен пар се разведува, тие решија на сите да им ги „затнат устите“ и да им покажат дека нивната љубов и понатаму трае.

Странските медиуми јавуваат дека гласините за нивиот развод, најверојатно бил маркетиншки трик за да продадат што е можно повеќе билети за нивната заедничка турнеја.

dzej-zi-bijonse-foto-ap-1401458297-506951

„Бијонсе и Џеј Зи навистина имаа проблеми во бракот, но сите ги решија и сега ги обновија заветите“, открил пријател на парот кој сакал да остане анонимен.

Тие се во брак веќе шест години и во него ја имаат двегодишната ќерка Блу Ајви.