Магазин

Бијонсе има уште една сестра за која не знаела

Бијонсе има уште една сестра за која не знаела

Поп пејачката Бијонсе била шокирана кога дознала дека нејзиниот татко Метју има дете и со друга жена.

И тоа не е крај на тајните во семејството Ноулс, со оглед на тоа дека на нивната адреса стигнала уште една тужба за издржување на дете.

Поранешниот модел на долна облека Такоја Бранскомб, тврди дека и таа има ќерка чиј татко е Метју Ноулс. Таа испратила барање за утврдување на татковството, наведувајќи дека таткото на Бијонсе бил со неа во врска во текот на 2010 година, кога и останала бремена.

Поради вакви скандали Тина Ноулс се развела со Метју после 31 година во брак, а Бијонсе и Соланж исто така ги оладиле односите со својот татко.

Тој сега мора да плаќа 2.500 долари алиментација за синот, додека моментално се води парница околу алиментацијата и за непризнаената ќерка.