Бијонсе не сака да го издаде новиот албум поради Адел

И птиците на гранките веќе знаат дека популарната британска пејачка Адел ги урна сите рекорди со нејзиниот нов албум „25“, кој го објави неодамна по неколку години мирување.

Но, таблоидите сега тврдат дека токму овој успех на Адел е „вистинската причина“ поради која Бијонсе се уште не го издала нејзиниот долгонајавуван нов албум.

Како што јави „Дејли Мејл“, Бијонсе решила да го одложи датумот за излегување на нејизниот нов албум „за да може Аде што подолго да ужива во нејзината слава“.

Својот шести албум Бијонсе го најавуваше за крајјот на минатата година, но таа наводно решила да почека со прмоцијата се додека не се стивне прашината што ја предизвика Адел со новиот албум.

За тоа време, познатата Бијонсе на 7 февруари ја чека уште еден насап на познатиот „Супер Бол“, на кој ќе биде придружувана од познатата група „Колдплеј“.

Бијонсе, која е сопруга на раперот Џеј-Зи, еднаш веќе ја „запали“ сцената на „Супер болот“ во 2013 година, кога настапи во придружба на поранешните колешки од групата „Дестинис Чајлд“.

Според таблоидите, уште една позната пејчака оваа година исто така би требало да издаде нов музички материјал, но тоа никако да го направи. Се работи за Ријана која наводно се уште размислува за тоа, бидејќи била незадоволна со новите песни.