Бик усмрти маж во село Дорфулија

Бик усмрти маж во село Дорфулија. Инцидентот се случил вчера околу 17,00 часот на местото викано Ливади атар на село Дорфулија општина Лозово.

Ѓорѓи М.(46) од истото село го напасувал своето стадо говеда, го нападнал бик нанесувајќи му тешки телесни повреди со роговите во пределот на стомакот и по целото тело, по што истиот починал на самото место.

Извршен е увид од страна на увидна екипа од Полициската станица во Свети Николе, а по наредба на Ј.О. телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.