Бил Гејтс: 11 работи кои нема да ги научите во училиште

Бил Гејтс, американскиот бизнисмен и информатичар, основач на компанијата Мајкрософт и еден од најбогатите луѓе во светот, неодамна одржа говор во средно училиште за 11 работи кои не сте и никогаш нема да ги научите во училиште.

Правило 1: Животот не е фер, навикни се на тоа

Правило 2: Светот не го интересира твојата самодоверба. Светот прифаќа ако постигнеш нешто пред да почнеш да се чувствуваш добро во сопствената кожа.

Правило 3: Нема да заработуваш 60.000 долари годишно веднаш само што ќе завршиш средно училиште. Нема да бидеш потпретседател на компанија со сите бенефиции се додека сето тоа не го заработиш.

Правило 4: Ако мислиш дека твојот учител е строг, почекај додека да не добиеш шеф.

Правило 5: Печењето на хамбургери не ти е под честа. Твоите предци имале други зборови за печење на хамбургери: тоа го нарекувале прилика.

Правило 6: Ако згрешиш, твоите родители не се виновни, не кукај за своите грешки, учи од нив.

Правило 7: Пред твоето раѓање, твоите родители не биле досадни како сега. Такви станале поради плаѓање на твоите сметки, чистење на твојата облека и твоето слушање како зборуваш дека си кул. Заради тоа, пред да почнеш да ја спасуваш шумата од паразити, обиди се да си го наместиш својот ормар во својата сопствена соба.

Правило 8: Твоето училиште има начин за решавање на победникот и губитникот, животот нема. Во некои училишта се укинати и негативните оценки и ти даваат безброј прилии да го дадеш вистинскиот одговор, но тоа нема никакви сличности со работите во животот.

Правило 9: Животот не е поделен во семестри. Нема слободно лето и многу малку вработени се заинтересирани да се пронајдеш сам себе. Тоа прави го своето слободно време.

Правило 10: Телевизијата не е вистинскиот живот. Во вистинскиот живот луѓето мора да го напуштат кафулето и да отидат на работа.

Правило 11: Биди љубезен кон бубалиците. Големи се шансите еден ден да работиш за еден од нив.