Бил Кован: Груевски го одржа ветувањето, Заев повторно се заканува со бојкот

Бил Кован: Груевски го одржа ветувањето, Заев повторно се заканува со бојкот
Бил Кован: Груевски го одржа ветувањето, Заев повторно се заканува со бојкот
Заплетот доаѓа директно од телевизиската серија „Куќа од карти“. Приватно снимени и монтирани снимки беа објавени мината година од опозициските пост-комунистички социјал-демократи предводени од Зоран Заев. За да се реши произлезената кризата, партиите се согласија дека Груевски ќе даде оставка 100 дена пред изборите. Тој го одржа своето ветување, но Заев сè уште ги избегнува изборите кои веројатно ќе ги изгуби и побара нивно одложување до 5.јуни. Дури и откако владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ се согласи за новиот датум за избори, Заев, соочен со очекуваната победа на Груевски повторно се заканува со бојкот.

Ова во колумна за Daily caller го пишува Бил Кован, еден од клучните соработници- коментари на телевизиската мрежа Fox News, врвен безбедносен експерт со бројни позиции во безбедносниот сектор. Daily caller е еден од најголемите веб њуз портали во САД со околу 35 милиони поединечни посетители.

Во продoлжение дел од колумната на Кован за состојбите во Македонија

Во центарот на масата на луѓе од грчките острови северно кон Европа е Македонија, мала балканска држава, која сè уште чека да стане членка на НАТО или на ЕУ, главно поради противењето на Грција за името на земјата. Само минатата година над 700 000 баратели на азил поминаа преку Македонија – што е неверојатно за една држава од 2 милиона. Помеѓу нив, Македонија заплени 9,000 фалсификувани или украдени пасоши.

Сега, како и нејзините балкански соседи, Македонија ги затвори границите за навалата од бегалци. Тоа го прави со минимални ресурси, во суштина оставена и од НАТО и од ЕУ и според тоа, принудена сама да се справува со бегалците. Тоа воопшто не е лесна задача за една мала земја која е во самиот центар на портата кон централна Европа и пошироко. И со добра причина: двајца од сторителите на нападите во Париз се дојдени преку Македонија.

Македонија е земја која ветува, со ниски даночни стапки и унапредување на политиките во областа на здравството и социјалната заштита под лидерството на Никола Груевски кој беше премиер повеќе од една деценија до јануари кога поднесе оставка. Земјата постигна напредок од 105. место на 64. место минатата година на угледниот индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл. (најголем скок која го имала некоја земја и пред многу земји членки на ЕУ и НАТО).

Сепак, проблемите со кои се соочува Македонија при справувањето со бегалците, и покрај максималните напори, се во сенка на внатрешната политика на поделби, при што четирите најголеми партии се натпреваруваат за власт.

Заплетот доаѓа директно од телевизиската серија „Куќа од карти“. Приватно снимени и монтирани снимки беа објавени мината година од опозициските пост-комунистички социјал-демократи предводени од Зоран Заев. За да се реши произлезената кризата, партиите се согласија дека Груевски ќе даде оставка 100 дена пред изборите. Тој го одржа своето ветување, но Заев сè уште ги избегнува изборите кои веројатно ќе ги изгуби и побара нивно одложување до 5.јуни. Дури и откако владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ се согласи за новиот датум за избори, Заев, соочен со очекуваната победа на Груевски повторно се заканува со бојкот.

Социјалистичката опозиција има веројатни врски со Русија, која се спротивставува на западната интеграција на Македонија и можеби има улога во монтирањето на снимките. Заостанувајќи во националните анкети на јавното мислење, Заев ефективно се обидува да ја пикне својата земја во задниот џеб на Владимир Путин и е подготвен да создаде политичка нестабилност кај нејзините соседи.

За пофалба е што ЕУ ја препознава потребата од стабилна, демократска Македонија во нејзиното средиште и постојано изразува поддршка за претстојните избори. Да се надеваме дека и САД ќе го сторат истото.

Имајќи предвид дека Собранието е подготвено да се распушти пред закажаните јунски избори договорени со посредство на ЕУ, неопходно е САД навремено да покажат вистинско лидерство. Во јануари, при посетата на Соединетите Држави, поранешниот премиер Груевски доби уверување од потпретседателот Бајден дека САД остануваат цврст партнер на Македонија и ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ. Да се надеваме дека тоа што го кажа Бајден не беа само зборови. Заменикот помошник државен секретар Хојт Ји неодамна ја посети Македонија да го провери спроведувањето на договорот постигнат со посредство на ЕУ – тој мора да ги држи сите партии на вистинскиот пат за изборите.

Целата колумна можете да ја прочитате ТУКА.