Бил Козби пуштен на слобода со кауција од милион долари

Американскиот актер Бил Козби синоќа беше пуштен од притвор со кауција од милион долари откако против него беше подигнато обвинение за кривично дело сексуален напад во врска со случај од пред 12 години и издаден налог за апсење во Пенсилванија.

Полицијата му зеде отисоци и го фотографираше Козби (78), а неговото следно појавување на суд ќе биде на 14. јануари.

Козби се товари дека дрогирал и силувал жена во својот дом во јануари 2004. година. Во изминатите неколку месеци повеќе од 50 жени го обвинија Козби за сексуален напад.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.