Бил расечен со нож бидејќи не дал предност во сообраќајот

Дваесет и шестгодишниот Ш.М. од село Непроштено вчера бил расечен со нож во тетовско Џепиште од страна на шеесет и тригодишниот Г.М. бидејќи не му дал предност во сообраќајот.

Нервозниот возач на младото момче со нож му нанел расекотина во пределот на подлактицата.

На истиот му е укажана лекарска помош во Медицински центар во Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.